Дома Трансфер зона КИНЕСКО ЛУДИЛО: Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед може да стане еден од најплатените во светот!

КИНЕСКО ЛУДИЛО: Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед може да стане еден од најплатените во светот!

Репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска би можел да го напушти „Селхуст Парк“ веќе во јануари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вилфред Заха без спомневање е еден од клучните играчи на Кристал Палас. Минатото лето потпиша и нов договор со клубот, иако имаше неколку понуди одлучи да остане.

Сепак, „Дејли Мејл“ пренесува дека тоа би можело да се промени во јануари.

Имено, според најновите информации поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед има понуда од кинескиот Далијан Џифанг каде што настапуваат Јаник Караско и Нико Гаитан.

Овој кинески клуб наводно е спремен да го направи еден од најплатените фудбалери на планетата и ќе му понуди договор на четири години тежок 44 милиони фунти, поточно 11 милиони фунти по сезона (12.2 милиони евра).

Тоа е далеку од сумата која ја заработува на „Селхуст Парк“ и не е познато колку Палас ќе заработи од овој трансфер.

https://www.youtube.com/watch?v=ctOBY8B5rME

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…