Дома Фудбал Германија Кимих освен фантастичниот лоб вчера сруши и рекорд во Бундеслигата (ВИДЕО)

Кимих освен фантастичниот лоб вчера сруши и рекорд во Бундеслигата (ВИДЕО)

Aктуелниот германски шампион, Баерн Минхен вчера направи голем чекор кон новата 30. титула во Бундеслигата. Баварците вчера на гости славеа против Борусија Дортмунд со 1:0.

Трите бода за Баерн ги обезбеди Џошуа Кимих кој од 20-тина метри го лобуваше голманот Бурки во 43. минута од натпреварот. Бурки беше блиску, но не успеа да ја исфрли топката преку пречката и таа заврши зад неговиот грб. Беше тоа момент на генијалност на Кимих и еден од најубавите голови оваа година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кимих освен феноменалниот гол одигра и фантастичен натпревар за што сведочи рушењето на уште еден рекорд. Германецот во дербито истрча 13.73 километри што е најмногу од кога е воведено мерењето во најсилната германска конкуренција.

Баерн на табелата е лидер со 64 бода, седум повеќе од второпласираната борусија, до крајот на првенството има уште шест кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…