Дома Трансфер зона Киелини можел да заврши во Арсенал: Бев луд кога ја одбив таа понуда

Киелини можел да заврши во Арсенал: Бев луд кога ја одбив таа понуда

Искусниот дефанзивец од редовите на Јувентус, Џорџо Киелини (36) тврди дека се кае што одбил трансфер во редовите на Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лондонскиот клуб го следел Киелини пред 20 години додека тој настапуваше за Ливорно. Тогаш се одлучиле да го доведат во своите редови, сепак Киелини ја одбил нивната понуда.

„Бев луд кога ја одбив таа понуда. Имав 16 години, играв во Серија Ц и добив голема понуда. Не се чувствував спремен. Ако ја прифатев мислев дека ќе го предадам Ливорно“, изјави Киелини.

Пет години после оваа понуда дојде повикот од Јувентус и таа понуда Киелини се решил да ја прифати. Во дресот на Јувентус одигра 518 натпревари и постигна 36 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…