Дома Фудбал Италија Киеза со еден потег ги воодушеви навивачите на Јувентус

Киеза со еден потег ги воодушеви навивачите на Јувентус

Фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза го откажал одморот за да се посвети на тренинзите и после повредата да се врати во форма за претсојната сезона, пренесуваат италијанските медиуми.

Киеза е надвор од терените од јануари поради тешката повреда на коленото која ја здоби во натпреварот со Рома кој „црно-белите“ го добија со 4:3 на „Олимпико“. Поради таа повреда Киеза го пропушти остатокот од сезоната и бараж натпреварот на Италија против Македонија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува сега „Газета дело Спорт“ додека неговите соиграчи се на летен одмор Киеза ќе биде во трениг центарот за што побрзо да се врати во форма.

Во редовите на Јувентус Киеза дојде на двегодишна позајмица од Фиорентина во 2020 година, а клубот од Торино потоа го откупи неговиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На натпреварот помеѓу Интер и Торино во Серија А се испиша историја

На денешниот натпревар помеѓу Интер и Торино кој започна со почеток во 12:30 часот беше ис…