Дома Трансфер зона Кејн не им доволен: Баерн сака да формира пеколен напаѓачки тандем!

Кејн не им доволен: Баерн сака да формира пеколен напаѓачки тандем!

Хари Кејн игра одлично во Баерн Минхен и во овој момент за време на зимската пауза е најдобар стрелец во Бундеслигата, но тоа на германскиот гигант не му е доволно.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раководството на Баерн сака уште посилен напад и размислува да го доведе Серху Гираси од редовите на Штутгарт кој во првиот дел од сезоната постигна 17 голови со кои е втор стрелец веднаш зад Кејн.

Во договорот на Гираси има откупна клазула од 18.5 милиони евра што секако не е проблем за Баерн кој би можел да ја активира во јануари. Меѓутоа баварците имаат и конкуренција од тимови како Милан, Манчстер Јунајтед, Тотенхем и Њукасл.

Досега во претходните видовме дека кога Баерн сака играч од Бундеслигата тешко е да му се каже не, но останува да се види каков ќе биде изборот на Гираси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…