Дома Фудбал Останато Кварезма: Дубаи беше моја најголема грешка, сфатив дека не е се во парите

Кварезма: Дубаи беше моја најголема грешка, сфатив дека не е се во парите

Португалецот Рикардо Кварезма е еден од најпознатите фудбалери во оваа земја, тој одигра 80 натпревари за репрезентацијата во кариерата и промени многу клубови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сега Кварезма зборуваше за неговата кариера и порача дека трансферот во Шабаб Ал-Ахли во Обединетите Арапски Емирати во 2012/2013 бил неговата најголема грешка во кариерата. Кварезма тогаш имаше 29 години.

„Низ кариерата запознав многу пријатели кои ме советуваа, ги слушав, но на крајот сепак решавав со своја глава. За некои работи се каам и денес не би ги направил повторно. Најголемата грешка ми е што на 29 години отидов во Дубаи. Ми зборуваа тогаш дека сум готов, дека ќе се здебелам и дека планирам да се пензионирам. Сфатив дека не е се во парите и за среќа брзо се вратив во Европа. Благодарен сум на претседателот на Порто Пинто да Коста што ми ги отвори вратите“, изјави Кварезма.

Денес Кварезма игра за португалскиот тим Виторија Гуимараеш. Во кариерата го носеше дресот на Барселона, Порто, Интер, Бешикташ…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хаос во таборот на Турција – вирална снимка ги налути навивачите (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Турција пред продолжението на Светското првенство е потресен…