Според информациите на турските медиуми, македонскиот репрезентативец, Енис Барди би можел да се пресели на позајмица во клуб од Дубаи.
Подолго време во турските медиуми кружат шпекулации за иднината на „десетката“ на македонската репрезентација, а сега најавите се дека денешниот натпревар на кој играше во стартните 11 против Ризеспор може да биде негов последен за Трабзонспор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Претходно Барди се поврзуваше со трансфер во Кардиф, меѓутоа и во МЛС лигата во САД, а последно пред денешната информација беше дека турскиот клуб добил две понуди за услугите на македонскиот репрезентативец.
Договорот на Барди со Трабзонспор истекува на крајот на сезоната и тогаш би бил слободен агент во изборот на новата средина.
Trabzonspor, Enis Bardhi ile yolları ayırıyor https://t.co/1po7zJz3IY#Trabzonspor #EnisBardhi #SüperLig pic.twitter.com/mmybo7B7pF
— TURKTIME (@turktimecom) January 25, 2024