Квича Кварацхелија оваа сезона блеска во дресот на Наполи и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес за Грузиецот, но Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и сака да го продолжи договорот.
Меѓутоа, Кварацхелија бара од раководството плата од осум милиони евра по сезона за да го потпише новиот договор.
Според информациите, Наполи не е подготвен да му понуди на 23-годишниот играч повеќе од шест милиони евра годишно па преговорите не течат добро.
Актуелниот договор на Грузиецот истекува во 2027 година и доколку не стави потпис на нов договор на лето ќе биде продаден.