Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје катастрофално беше поразен од ФМП во рамки на второто коло од АБА лигата со резултат 100:72.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
МЗТ беше подобар само во првиот дел на мечот, а веднаш потоа кошаркарите на ФМП презедоа се во свои раце па на полувреме имаа водство од 51:44.
Во второто полувреме Аеродромци постигнаа само 28 поени и на крајот беа катастрофално поразени.
Во таборот на ФМП најпрецизен беше Алескандар Бурсаќ со 17 постигнати поени, а кај МЗТ тоа беше Гарсија со постигнати 16 поени.