Дома Трансфер зона Касиљас не оди во пензија: Еве каде ќе брани следната сезона

Касиљас не оди во пензија: Еве каде ќе брани следната сезона

Легендарниот шпански голман Икер Касиља ќе потпише нов договор со Порто, пренесува добро информираната „Марка“.

Иако во претходните месеци се шпекулираше со негово заминување во САД, по се изгледа 38-годишниот голман и наредната сезона ќе остане во португалскиот гигант.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Марка“ пренесува дека Касиљас во Порто ќе остане и следната сезона, бидејќи неговите настапи оваа сезона ги убедиле челниците на клубот да му понудат договор на уште една сезона.

Касиљас е легенда на Реал Мадрид, но во јули 2015 година се пресели во Порто и веќе четири сезони го носи дресот на португалскиот клуб.

Шпанскиот голман освои се што можеше да се освои во фудбалот. Со Реал Мадрид освои пет титули во Примера, два Купа и три пати ја освои Лигата на шампиони, меѓу другото.

Со шпанската репрезентација го освои Европското првенство во 2008 и 2012 година, како и Светското првенство во 2010 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи му нуди трампа на Наполи: Лукаку и пари за Осимен

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен е eден од најбараните на фудбалскиот пазар и ова лето …