Екипата на Карпош Соколи е поразена од Мега Лекс вчера вечер во последниот свој настап во дебитанската сезона во регионалната кошаркарска АБА лига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Домаќините забележаа победа со 82:69, иако македонскиот претставник на полувреме водеше со 42:40, а во 27.минута со 60:53. Клучна за конечниот исход беше разликата од 20:9 што Мега ја направи во последниот период.
Соколи АБА лигата ја завршуваат со 10 победи и 16 порази во вториот дел на табелата, додека Мега има ефект 11-15 и ќе биде на шестата позиција.
Двојките за другите натпревари од последното 26.коло се:
Игокеа – Партизан,
Цедевита – ФМП,
Крка – Цибона,
Задар – Олимпија,
МЗТ Скопје Аеродром – Морнар и
Црвена звезда – Будуќност.
Во плеј-офот ќе играат Црвена звезда, Цедевита, Партизан и Будуќност, а за опстанок се борат Крка и Задар.