Дома Фудбал Репрезентации Карлос ги изненади Бразилците: Мора да ни биде јасно дека не сме најдобри

Карлос ги изненади Бразилците: Мора да ни биде јасно дека не сме најдобри

roberto carlos

Голем дел од неговите сонародници веројатно нема да се сложат, посебно по вчерашната победа против Германија.

Роберто Карлос изненади многу негови сонародници кога во прашање е проценката на шансите на Бразил на Мундијалот кој ова лето ќе се одржи во Русија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Иако многумина во Бразил гледаат како на еден од првите фаворити за титулата, легендарниот фудбалер својата селекција ја смести на четвртата позиција.

„Бразил не е прв фаворит. Можат да постигнат гол против секого, но според мене поголеми шанси имаат репрезентациите на Германија, Шпанија и Франција. Бразил е четврти, ќе мора да ја искористиме секоја шанса која ќе ни се укаже. Мора да ни биде јасно дека во овој момент не сме најдобри“, изјави Карлос.

Поранешниот бек на Реал Мадрид потоа беше запрашан за селекцијата на Аргентина.

„Тие не се помеѓу фаворитите, со Меси или без него“, сигурен беше Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…