Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија Стефан Ристовски го изрази своето разочарување од ситуацијата со македонските спортски брендови.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Реакцијата на Ристовски доаѓа после најновите случувања во РК Вардар каде што јасно дека финансиската состојба прави големи проблеми.




„РК Вардар, ФК Вардар, КК Работнички, РК Кометал…брендови на Македонија? Кој е следен? А да….другите ни се криви… МОЈА ЖАЛНА МАКЕДОНИЈО“, стои во објавата на капитенот.




Ќе потсетиме, Вардар беше исфрлен од ЕХФ поради долгови и во наредната сезона ќе настапува само во СЕХА и домашното првенство. Од клубот најавија подобри денови на денешната прес-конференција, меѓутоа е јасно дека ова го враќа Вардар наназад неколку години.