Дома Фудбал Италија Капитенот на Аталанта емотивно: Луѓето денес умираат поради нашиот натпревар

Капитенот на Аталанта емотивно: Луѓето денес умираат поради нашиот натпревар

Бергамо е еден од градовите кои се најмногу погодени од коронавирусот. Од тој град доаѓа сеназацијата во овогодинешната сезона во Лигата на шампионите, а навивачите поради пандемијата не можеа да го прослават пласманот помеѓу најдобрите осум.

Еден од најважните играчи и капитен на тимот Алехандро Гомез зборуваше за актуелната ситуација од која е погодена Италија и градот Бергамо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Граѓаните на Бергамо би требало да бидат среќни и да слават, да бидат горди на нашиот тим, но место тоа мораат да бидат фокусирани на други работи и да мислат на семејствата. Изминататите четири години го направивме овој град среќен, а сега минуваме низ нешто страшно. Не можам да верувам дека Италија е земја која има најмногу заразени после Кина, тоа е чудно. Ситуацијата во државата е лоша и мораме да се обидеме да останеме позитивни. Не е лесно, лоши вести ни пристигнуваат секојдневно“.

Аталанта во моментот на прекинот на првенството беше на четвртото место на табелата во Серија А.

„Не знам дали ќе ја продолжиме сезоната. Не знам дали ќе играме во текот на летото или за неколку месеци. Најважно сега е ситуацијата во државата да биде подобра. Ќе биде тешко да се игра. Како да се патува? Во кои хотели да се спие? Големи одлуки се пред нас“.

Медиумите пишуваа дека голема причина за ова што се случува на Бергамо е натпреварот помеѓу Аталанта и Валенсија во осминафиналето. Аталанта во тој прв натпревар од осминафиналето играше на домашен терен и оствари убедлива победа од 4:1. Подоцна во Валенсија го потврди пласманот во следната фаза со триумф од 3:4.

„На почетокот имаше многу дезинформации, сите несериозно го сфативме овој вирус. Мислевме дека е само еден грип и водевме целосно нормален живот. Погрешивме. Кога луѓето околу нас почнаа да умираат, почувствувавме страв. Некој тој ден на „Сан Сиро“ бил заразен, веројатно и повеќемина. Денешната ситуација во Бергамо според мене има врска со тој натпревар во Милано. Жално е, но натпреварот кој беше историски сега е причина за една голема катастрофа, луѓе умираат поради тој натпревар.“, смета Гомез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кубарси потпишува нов договор со астрономска откупна клаузула

Новото откритие на Барселона, Пау Кубарси наскоро ќе потпише нов договор со клубот со астр…