Дома Фудбал Италија Кандрева со гол на сезоната го шокираше Интер во 90-та! 🎥

Кандрева со гол на сезоната го шокираше Интер во 90-та! 🎥

По три порази во Серија А, Интер не победи и во четвртиот натпревар во низа, па направи уште еден чекор назад во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Излгедаше дека Интер ќе се врати на победите кога Госенс по асистенција на Лукаку постигна гол по само шест минути. Не постигнаа нов гол, но таа предност „неороаѕурите“ ја имаа се до самиот финиш кога Кандрева ги шокираше со еврогол од огромна далечина.

За Салернитана ова е важен бод во битката за опстѕанок и со 29 бода има десет повеќе од Верона која е прва во опасната зона.

Интер од друга страна е на четвртата позиција со ист број на бодови како и Милан (51) кој вечерва игра со Емполи, Рома има 50 и сега доби можност да го прескокне Интер.

Во текот на наредната недела „нероаѕурите“ ги чека и четвртфиналето во Лигата на шампионите против Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Левандовски многу близу до двегодишен договор во МЛС

За првпат во својата кариера Роберт Левандовски ќе игра надвор од Европа. На 37-годишна во…