Легендарниот германски голман, Оливер Кан откри дека своевремено имал понуда да премине во Манчестер Јунатед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Фергусон е сеуште лут на мене. Во 2003/04 година сметаше дека моето место е во Манчестер Јунајтед. За мене во тоа време Баерн Минхен беше најдобар на светот и ниеден друг клуб не ме интересираше.“ – рече Кан и додаде:
„Да се прашувам сега, веројатно би ја прифатил понудата. Беше тоа голем предизвик.“ – додаде Кан, место кој на Олд Трафорд пристигна Ван Дер Сар
Да потсетиме, Кан за Баерн бранеше од 1994. до 2008. година. Во тој период освои осум наслови шампион на Германија, по шест купови и суперкупови, а по еднаш славеше во ЛШ, Купот на УЕФА и Интернационалниот куп.