Дома Трансфер зона Калиниќ потпиша за Хајдук и ќе игра за 1 евро

Калиниќ потпиша за Хајдук и ќе игра за 1 евро

Искусниот хрватски напаѓач, Никола Калиниќ покажа што значи лојајност и потпиша за Хајдук, каде ќе игра за плата од 1 евро.

По пауза од неколку месеци,  официјално потпиша договор со клубот до крајот на актуелната сезона. 


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Договорот на Калиниќ со Хајдук истекуваше на крајот на јули минатата година, а тој тогаш реши да паузира неколку месеци и сега реши да се врати.

„Што се однесува до финасиите, ова ќе биде најлесниот договор во мојата тригодишна етапа во Хајдук. Се договоривме за 1 евра плата месечно. Тој сака само да му помогне на Хајдук и да ја освои титулата, тоа е единствениот мотив поради кој се врати“, изјави спортскиот директор на Хајдук, Миндаугас Николичиус.

Калиниќ во кариерата меѓу другите клубови настапуваше и за Фиорентина, Милан, Атлетико Мадрид, Рома и Верона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Фабрицио Романо: Готово е – Димитриевски има нов клуб!

Голманот на македонската фудбалска А репрезентација, Столе Димитриевскиод следната сезона …