Дома Фудбал Каков отказ, Донарума се огласи: Раиола, вчера, денес и утре!

Каков отказ, Донарума се огласи: Раиола, вчера, денес и утре!

Сапуницата на релација Донарума/Раила – Милан, никако да заврши.

Откако во текот на вчерашниот ден светските медиуми пренесуваа дека младиот голман Џанлуиџи Донарума одлучил да застане на страната на Милан и да му даде отказ на Мино Раиола доколку агентот не започне нови преговори со Милан, денес Донарума официјално се огласи преку својот Твитер профил.

Имено тој на својот профил со хаштаг ги означи неговото и името на Раиола, а под нив напиша: Вчера, денес и утре.

Со тоа Донарума стави до знаење дека соработката помеѓу него и Раиола ќе продолжи и во иднина.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

26 удари, ниту еден гол: Јаблонец ја запре победничката серија на Брајтон

По шест победи во низа, Брајтон одигра 0-0 кај Јаблонец во Конференциската лига, а во фини…