Дома Фудбал Како Тен Хаг е се уште тренер на Манчестер Јунајтед? Со него во Европа имаат – ужасна статистика!

Како Тен Хаг е се уште тренер на Манчестер Јунајтед? Со него во Европа имаат – ужасна статистика!

Манчестер Јунајтед нема добри резултати навивачите бараат смена на клупата, но Тен Хаг се уште е тренер на „црвените ѓаволи“, но раководството и понатаму верува во него.

Посебно е лоша статистиката на „црвените ѓаволи“ во европските натпревари. Вчера избраниците на Тен Хаг ремизираа против Твенте (1:1) во првото коло од Лигата на Европа.

Но, навивачите се посебно загрижени поради тоа што тимот има само една победа во европските натпреварувања на последните девет натпревари. Единствената победа во Европа, Јунајтед ја забележа минатата сезона против Копенхаген.

Лошата серија за Јунајтед започна против Севиља во 2023 година кога во четвртфиналето прво одиграа реми 2:2, а потоа беа поразени со 0:3.

Во тие девет натпревари, Јунајтед има една победа, три нерешени натпревари и пет порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…