Кадетската репрезентација на Македонија за ракометари до 19 години, настапува на Медитеранските игри кои се одржуваат во Грција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако вчера прво беа поразени од Шпанија со 14-21, а потоа го совладаа Мароко со 21-17, македонските ракометни надежи денеска повторно одиграа два натпревари во рамките на Б групата.
Избраниците на селекторот Матлиевски ги загубија двата меча. Во првиот во кој за противник ги имаа врсниците од Тунис загубија со два гола разлика 17-19, додека во вториот меч одигран попладнево нашите надежи беа поразени со три гола разлика 18-21 од селекцијата на Хрватска.
Утре нашите кадети ќе одиграат два меча, против Црна Гора и Турција, но имаат само теоретски шанси за пласман во следната фаза.
Фото: РК Металург