Дома Топ вести Кавани и Барселона се договорија

Кавани и Барселона се договорија

Уругвајскиот репрезентативец Едисон Кавани сака да го напушти Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок.

Таквата ситуација сака да ја искористи Барселона, која е во очајна потрага по засилување во нападот, после пензионирањето на Агуеро.

Кавани е свесен дека неговиот статус во тимот нема да се промени ниту по доаѓањето на Ралф Рангник и сака да се пресели во Барселона.

Последните информации од шпанските медиуми се дека Барселона и Кавани се блиску до договор. Каталонците му понудиле договор до крајот на сезоната со кој би заработувал 3,5 милиони евра и 1 милион бонуси.

Се очекува во наредните денови Кавани да го раскине договорот со Јунајтед и да се пресели на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…