Дома Фудбал Останато Кавани доби порака од Неапол: Ако му здосадат милионите во Париз ние сме тука

Кавани доби порака од Неапол: Ако му здосадат милионите во Париз ние сме тука

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис во свој стил ги прокоментира гласините дека Едисон Кавани би можел да се врати во Неапол.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Де Лаурентис вети дека следната година ќе доведе едно звучно засилување во клубот и порача дека за јануарскиот преоден рок нема големи планови.

„Немам големи планови за јануари, можеби и никој нема да доведеме. Во јуни ви ветувам едно звучно засилување“, после оваа изјава на првиот човек на Наполи следуваше прашање за Кавани.

„Кавани? Ако му здосадат милиониот во Париз и се одлучи да заработува помалку, ние сме тука за него и ќе го прифатиме со раширени раце“, одговори Де Лаурентис.

Уругвајскиот голгетер го носеше дресот на Наполи од 2010 до 2013 кога премина во редовите на ПСЖ, а неодамна со овој клуб за прв пат гостуваше во Неапол во рамките од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид му нуди 23-годишен играч за врска на Манчестер Сити

Фокусот на Реал Мадрид целосно се пренасочи кон заминувања во последниве недели и клубот р…