Дома Фудбал Останато Кабиб открива: Ибрахимовиќ ме покани во Милан

Кабиб открива: Ибрахимовиќ ме покани во Милан

УФЦ ѕвездата Кабиб Нурмангомедов не ја крие љубовта кон фудбалот и дури изрази желба да стане професионален фудбалер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кабиб сега откри дека веќе добил неколку понуди и тоа од Катар, Турција, но и од италијанскиот гигант Милан.

„Добив понуда од катарскиот клуб Ал Васал, Фенербахче, а Златан Ибрахимовиќ ме покани во Милан. Не е потребно да ги разгледувам другите понуди кога веќе ги спомнав Милан, Фенербахче и Катар, тоа е доволно“, открива Кабиб.

„Зошто сакам да станам професионален фудбалер? Искрено сакам да пробам нешто ново, борбите веќе ми се досадни. Сакам реална конкуренција. Спартак Москва е мојот омилен клуб и знаете дека ги следам често нивните натпревари. Го сакам фудбалот“, истакна Кабиб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим за Модриќ: Ако треба, лично ќе одам по него!

Искусниот хрватски фудбалер Лука Модриќ (40) моментално ужива во заслужен одмор по уште ед…