Дома Трансфер зона Италијанците тврдат: Манџукиќ ќе оди во Катар, а сега е во Загреб!

Италијанците тврдат: Манџукиќ ќе оди во Катар, а сега е во Загреб!

Tрансферот на Марио Манџукиќ во катарскиот Ал-Духаил сепак не пропаднал.

Од претходно е познато дека Манџукиќ не е во плановите на Јувентус и оваа зима бара нова средина. Листата на клубовите кои покажаа интерес за Хрватот е прилично долга, а најупорен Ал-Духаил каде што за сезона ипол би можел да заработи 12 милиони евра.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Манџукиќ веќе беше снимен во Катар, но вчера ја напушти оваа земја без потпишан договор. Тогаш се сметаше дека трансферот пропаднал, но „Тутоспорт“ дојде до нови информации.

„Манџукиќ денес пристигнал во Загреб. Дојде веројатно поради технички причини, за да извади потребни документи за во Катар“, пишува познатиот италијански медиум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…