Дома Останати Тенис Италијанците си поиграа и предвидуваа што ќе прават Ноле, Рафа и Федерер во пензија

Италијанците си поиграа и предвидуваа што ќе прават Ноле, Рафа и Федерер во пензија

Во Италија се појави еден интересен текст во кој предвидуваат што ќе бидат Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер по завршувањето на нивните кариера.

Сајтот „Убитенис“ така на најдобриот српски тенисер му предвиде дека во 2040 година ќе биде министер во Монако и крал на веганската исхрана.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересно е предвидувањето на Федерер. Поради мирниот живот на Швајцарецот тие предвидуваат дека тој со својата сопруга Мирка во Женева ќе има голем имот на кој ќе одледува босилек.

Рафаел Надал е познат како љубител и на другите спортови, па затоа тие веруваат дека Надал ќе стане познат голф играч, но и дека ќе го освои Светското првенство во покер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот …