Дома Фудбал Репрезентации Историска одлука: На Мундијалот во Катар ќе судат и жени!

Историска одлука: На Мундијалот во Катар ќе судат и жени!

Meѓународната фудбалска федерација ФИФА денес избра шест женски судии кои ќе судат на Светското првенство. Ова е историски момент затоа што за првпат жени ќе судат на Светско првенство за мажи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На списокот од 129 судии, три од шесте жени ќе бидат главни судии на натпреварите, тоа се: Стефанi Фрапар (Франција), Салима Мукасанга (Руанда) и Џошими Јамашита (Јапонија). Избрани се 36 главни судии, 69 помошни и 29 ВАР судии.

Фрапар веќе судеше на фудбалерите во квалификациите за Светското првенство како и во Лигата на шампионите.

„Како и секогаш критериумиот кој беше најважен е – квалитетот. На овој начин сакаме да истакнеме дека за нас не е важен полот туку, квалитетот на судењето“, изјави претседателот на Судиската комисија, Пјерџулиџи Колина.

Помеѓу 69 помошни судии жени се: Нуса Бек (Бразил), Карена Дијас Медина (Мексико) и Кетрин Несбит (САД).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…