Дома Останати Кошарка НБА Историска ноќ за Дончиќ: Стигна до трипл-дабл каков што оствариле само тројца во последните 25 години!

Историска ноќ за Дончиќ: Стигна до трипл-дабл каков што оствариле само тројца во последните 25 години!

Tимот на Далас ја прегази Јута со 147:97, а и во овој натпревар главен на теренот беше словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ.

Дончиќ го оствари најефикасниот трипл-дабл за едно полувреме во историјата на НБА лигата постигнувајќо 29 поени, 10 скока и 10 ассистенции што е воедно и прв трипл-дабл за полувреме со над 25 поени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот Дончиќ го заврши со 40 поени, 11 асистенции и 10 скока и сетоа тоа без да игра во последната четвртина од натпреварот. За Дончиќ ова беше прв трипл-дабл за едно полувреме, остварување кое во последните 25 години им успеало само на Јокиќ, Вестбрук и Домантас Сабонис.

Зад Дончиќ на натпреварот останаа Кајри Ирвинг со 26 и Хардеј со 17 поени, додека кај Јута Абаџи беше најефикасниот со 21 поен.

Победничката серија ја продолжи и Минесота која остана на лидерската позиција на Западната конференција. Подобри изминатата вечер беа од Сан Антонио со 102:94.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Револуција во фудбалот: ВАР ќе се користи како во тенисот!

На Конгресот на ФИФА беа откриени новите случувања за иднината на фудбалот. Најголемата пр…