Дома Фудбал Иско со ГОЛЕМА поддршка: Ако го смените тренерот, ќе морате и нас!

Иско со ГОЛЕМА поддршка: Ако го смените тренерот, ќе морате и нас!

Фудбалерот на мадридскиот Реал, Иско Алкарон му даде голема поддршка на Лопетеги, чија промена се шпекулира претходниве денови.

Шампионот на Европа се наоѓа во голема криза. На последните пет натпревари во сите натпреварувања освои само бод и многумина веруваат дека Лопетеги нема долго да остане на клупата. Особено доколку не оствари добар резултат во претстојното Класико.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Ако го промените тренерот, ќе мораат да не сменат и сите нас, иако се сомневам дека медиумите можат да го променат тренерот. Не можете само него да го обвинувате за резултатите. Ова е колективен спорт, играчите се прашуваат, тие изглегуваат на теренот и губат. Само два месеци сме заедно, веруваме во Лопетеги, заедно можеме да излеземе од сите проблеми. Имаше одлични резултати со Шпанија и сега се обидува да го спроведе својот стил на игра и кај нас“, изјави Иско.

Пред дуелот со Барселона во Ла Лига, Реал го пречекува Плзен во рамките на третото коло од Лигата на Шампионите. По овие два натпревари од групата Г, тие го завземаат второто место со три бода, еден помалку од водечката ЦСКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лаутаро не е најдобар напаѓач, но е најдобар фудбалер во Серија А

Екипата на Интер сезонава доминантно го освои Скудетото во Италија, па така и издоминира в…