Дома Фудбал Италија Интер со нова понуда за Лаутаро

Интер со нова понуда за Лаутаро

Лаутаро Мартинез ја одби првата понуда на Интер за продолжување на договорот, а тоа го вклучи алармот кај многу европски гиганти.

Имено, „Газета дело Спорт“ пренесува дека голгетерот се премислил и откако ја увидел ситуацијата на пазарот побарал зголемување во однос на договорените осум милиони евра од претходно.

Лаутаро побарал плата од десет милиони евра годишно плус бонуси, која Интер не може да си ја дозволи во моментов.

Меѓутоа, преговорите продолжуваат и денес раководството во Мадрид ќе има нова средба со агентот на Аргентинецот.

Приоритет на Интер е да најде заеднички јазик со Лаутаро, кој оваа сезона е најдобар стрелец во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачи на Ливерпул го запреа автомобилот на играчот по киксот, а потоа се создаде хаос на улица!

Разочарувањето по уште еден кикс на Ливерпул речиси прерасна во многу непријатна ситуација…