Дома Трансфер зона Интер сега ќе го трампа Политано со Наполи

Интер сега ќе го трампа Политано со Наполи

Матео Политано е во центарот на вниманието во овој трансфер период бидејќи Италијанецот сака по секоја цена да го напушти Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Политано ги мина лекарските прегледи во Рим, се сликаше со шалот на Рома, но трампата меѓу двата клуба пропадна, па мораше да се врати на „Џузепе Меаца“.

Меѓутоа, нема долго да остане во Милано, бидејќи Интер сега започна преговори со Наполи за нова трампа, така што ќе го испрати Политано во Неапол, а за возврат ќе го добие Фернандо Љоренте.

Станува збор за 6-месечна позајмица на двајцата фудбалери, така што Наполи ќе има можност да го откупи Политано на лето за 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…