Дома Трансфер зона Интер плаќа 20 милиони евра за голманот кој одлично ги замени Алисон и Едерсон?

Интер плаќа 20 милиони евра за голманот кој одлично ги замени Алисон и Едерсон?

Бразилскиот голман Бенто (24) доби шанса да брани за репрезентацијата на неодамнешните пријателски натпревари против Англија (1:0) и Шпанија (3:3) и одлично се снајде, па отсуството на повредените Алисон и Едерсон не се почувствува.

Неговите одлични на настапи на „Вембли“ и „Сантијаго Бернабеу“ не останаа незабележани, иако од претходно е на радарот на европските клубови, па за Бенто сега посериозен интерес покажале Интер, Челзи, Нотингем Форест, Бенфика и Вулверхемптон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилските медиуми пишуваат дека Атлетико Параненсе за него ќе бара отштета од 20.000.000 евра, а италијанските медиуми тврдат дека најблиску до неговиот потпис е Интер.

„Нероаѕурите“ сакаат да доведат посериозна конкуренција Јан Зомер, но и да се засилат со голман кој има голем потенцијал за во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…