Интер оваа сезона донесе тројца фудбалери на Манчестер Јунајтед, но не престанува да работи на нови засилувања од „Олд Трафорд“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После Лукаку, Санчез и Ешли Јанг, сега „нероаѕурите“ се силно заинтереситрани за двајца таленти на „црвените ѓаволи“, а станува збор за Чарли Веланс и Џејмс Гарнер.
Скаутите на Интер веќе подолго време ги следат настапите на двајцата таленти на школата на Јунајтед и се многу задоволни од нивните квалитети.
Веланс има 17 години, а Ганер 18 години и двајцата важат за едни од најголемите таленти во академијата на Манчестер Јунајтед. Поради тоа „црвените ѓаволи“ сметаат дека двајцата имаат иднина во клубот и сакаат да ги задржат со нови долгорочни договори.
Меѓутоа, Интер веќе работи на нивните трансфери и е во постојан контакт со нивните агенти, а англиските медиуми тврдат дека големи се шансите двајцата да се преселат во Милано на лето.