Дома Трансфер зона Интер и Барселона се „тепаат“ за Павард

Интер и Барселона се „тепаат“ за Павард

Директорот на Баерн Минхен потврди дека во јануари пристигнале понуди за Бенџамин Павард, но Баварците не сакале да го пуштат Французинот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иднината на 26-годишниот Французин е прилично неизвесна во Баерн и тој уште во летниот преоден рок сакаше да ја промени средината.

Еминентниот новинар Фабрицио Романо открива дека најсилен интерес за него покажуваат Интер и Барселона.

„Нероаѕурите“ во јануари испратиле понуда за позајмица со задолжителен откуп бидејќи во него гледаат идеална замена за Скриниар.

Барселона исто така го сака Французинот и ќе се обиде да го донесе во летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…