Дома Топ вести Интер и Арсенал спремаат голема трампа

Интер и Арсенал спремаат голема трампа

Швајцарските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека играчот на Арсенал Гранит Џака е блиску до трансфер во Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми исто така потврдија дека Џака е во напреднати преговори со „нероаѕурите“.Се верува дека 26-годишниот швајцарски интернационалец е голема желба на Антонио Конте во јануарискиот преоден рок.

Џака има договор со „топџиите“ до 2023 година, но италијанските медиуми тврдат дека може да дојде до голема трампа помеѓу двата клуба. Имено, Арсенал е силно заинтересиран за Ериксен, кој е на излезна врата од Интер.

Според информациите од медиумите во мометов останува уште Ериксен да каже „ДА“ и да се договори со „топџиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…