Навивачите на Интер не се задоволни од досега направеното во досегашниот дел од трансфер периодот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Скриниар и Валеро не се засилувања кои ги задоволуваат навивачите на Интер, сакаат нешто како што го прави Милан во овој трансфер период, но од тоа за сега нема ништо. Сепак, сопствениците на овој клуб започнаа во реализацијата на неколку трансфери, а еден од нив е Далбер, фудбалерот на Ница.
Овој лев бек е фудбалер кој го бараше „пола Европа“, но Ница ги информираше сите заинтересирани дека ова момче вреди 30 милиони евра. Вчера претставниците на Интер беа на Азурниот брег, преговараа со неговите претставници, а спроед некои информации кои пристигнуваат од француските медиуми, ова 23-годишно момче би можело да стане фудбалер на Интер овој викенд.
Наводно, договорена е цена од 25 милиони евра, можно е да има и дополнителни бонуси доколку Далбер одигра добро во Интер.