Интер ги користи своите „кинески врски“.
Веќе подолг период е познато дека тимот на Лацио покажува интерес за поранешниот фудбалер на Челзи, Рамиреш.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Бразилецот во јануари се очекуваше да го засили Интер, но тоа не се случи.
Сега „нероаѕурите“ повторно се во центарот на вниманието, иако не од иста причина.
Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека миланскиот клуб го блокира трансферот на Бразилецот од кинескиот Џангсу во Рим, без разлика што клубот сега не покажа намера да го доведе во своите редови.
Интер и Џангсу имаат исти сопственици, па според медиумите од Милано до колегите во Кина стигнала порака да го задржат играчот за врска во своите редови.
Дали во сето ова има вистина ќе дознаеме на крајот од проедниот рок.