Дома Трансфер зона Интер го продава Брозовиќ, веќе му најде замена

Интер го продава Брозовиќ, веќе му најде замена

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер на лето е спремен да го продаде Марсело Брозовиќ.

Хрватот оваа сезона не е во добра форма и поради повреда често е надвор од терените. Тренерот Инзаги на неговата позиција го стави Чалханоглу, кој одлично го замени Брозовиќ.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Хрватот е еден од најплатените фудбалери во тимот, има договор до 2026 година, па Интер е спремен да го продаде на лето.

„Калчомеркато“ пренесува дека прв избор за негова замена е Емре Чан од Борусија Дортмунд.

29-годишниот Германец влегува во последната година од договорот и Интер се надева дека може да го доведе за 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…