Дома Македонски спорт Илиоски одличен на СП во Португалија: Обезбеди најмалку бронза за Македонија!

Илиоски одличен на СП во Португалија: Обезбеди најмалку бронза за Македонија!

Бобан Илиоски кој беше избран за најдобар спортист на град Скопје изминатава година се пласираше во полуфиналето на Светското првенство кикбокс во Португалија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Денеска Илиоски лесно и убедливо го совлада Алберт Угринчиќ од Босна со 3:0 во дисциплината до 84 килограми. Оваа победа за македонскиот кикбоксер значи дека има најмалку бронзен медал на собирот на најдобрите во светот.

За место во финалето Илиоски ќе треба да го победи Елјан Алкишиев од Азербејџан.

Од останатите македонски претставници, Андреа Костовска денес беше поразена од Фани Лаура Ковач од Унгарија со 0.3, додека Климент Грозданоски ја чека својата во борба во текот на денот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…