Дома Македонски спорт Илиоски го нокаутираше Гркот Христос за пласман во финале

Илиоски го нокаутираше Гркот Христос за пласман во финале

Бобан Илиоски се пласираше во големото финале на Европското првенство во кик-бокс што се одржува во Атина, Грција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нашиот кикбоксер во лоу кик во категоријата под 86 килограми во денешното полуфинале го победи Гркот Филис Христос со нокаут во првата рунда.

Противник на Илиоски во борбата за златото ќе му биде Полјакот Ерик Невеовски.

Претходно денеска Стефан Михајловски успеа да дојде до бронза откако во полуфиналето загуби од Украинецот Серхи Бабенко со 2:1 во ктегоријата кик лајт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …