Дома Топ вести Изненадување на пресконференцијата на Рамос

Изненадување на пресконференцијата на Рамос

Не се остварија прогнозите дека Серхио Рамос ќе ја објави одлуката да остане во Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Капитенот на Реал денес закажа пресконференција на која сите очекуваа дека ќе ја открие својата иднина, но тој зборуваше во врска со нов документарен филм.

На прашањето за продолжувањето на договорот и неговата иднина тој одговор.

„Има многу нејаснотии во моментов. Би сакал да можам да кажам нешто ново, но едноставно нема ништо. До сега само мислев како да се опоравам од повредата и да ја завршам сезоната на најдобар можен начин. Нема ништо ново на темата за мојот договор. Ветувам дека ако има нешто конкретно ќе го објавам. Засега сум мирен и фокусиран на оваа сезона“, изјави Рамос.

35-годишниот дефанзивец денес го промовираше вториот дел од документарниот филм снимен за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сензaција од Mадрид. Првиот трансфер на Мурињо ќе биде Златна топка?

Познатиот новинар, специјализиран за трансфери, Екрем Конур, ја објави веста која силно од…