Дома Трансфер зона Изненадување: Марио Балотели повторно ќе заигра во Серија А!?

Изненадување: Марио Балотели повторно ќе заигра во Серија А!?

Марио Балотели изминатата сезона со својот Сион испадна од Суперлигата во Швајцарија, а сега изненадувачки би можел да се врати, ниту помалку, ниту повеќе – во Серија А!

Некогаш големата надеж на италијанскиот фудбал денес има 32 години и јасно е дека не изгради кариера каква што од него се очекуваше, но сега во залезот на кариерата може да добие нова прилика во својата татковина.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Според, италијанските медиуми Балотели сонува враќање во Италија и сигурно би прифатил, па дури и за помала плата.

Најавите се дека опција е повратникот во друштвото на најдобрите во Италија, Каљари кој од клупата е предводен од легендарниот Клаудио Раниери.

Останува да се види во наредните денови дали Каљари навистина размислува за ангажман на Балотели или станува збор за медиумска шпекулација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Познат фаворитот за потписот на Зиркзе

Ѕвездата на Болоња и холандски репрезентативец Џошуа Зиркзе е на мета на многу клубов…