Aргентинскиот напаѓач Мауро Икарди е пред враќање во Серија А после неуспешната епизода во ПСЖ каде што не доби преголема минутажа. Италијанските медиуми пренесуваат дека Икарди би можел да биде ново засилување за новиот калчолигаш Монца.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Спорт Медијасет“, медиум кој е во сопственост на Берлускони како и Монца објави дека Икарди има прималива понуда. Сопртугата на Икарди, Ванда Нара наводно инсистира на враќање во Италија.




Освен тоа и ПСЖ сака да се ослободи од Икарди кој е „вишок“. Клубот од Париз би можел да го пушти Икарди со опција за позајмица со откуп по завршувањето на сезоната.




Икарди во Серија А покрај Интер го носеше и дресот на Сампдорија каде што играше одличен фудбал.