Дома Фудбал Германија Изненадување: Баерн тргна по ѕвездата на Јувентус!

Изненадување: Баерн тргна по ѕвездата на Јувентус!

Баерн на почетокот на оваа недела ги официјализираше трансферите на Ернандез и Павард, но тука нема да биде крајот на засилувањата за гигантот од Баварија.

Според медиумите во Италија, Баерн “затропа“ на вратата на Јувентус со што се вклучи во тргката за потписот на Кансело.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот бек веќе некое време е на мета на Манчестер Сити, но предлогот на Граѓаните во трансферот да биде вклучен Данило не им се допадна на Бјанконерите.

Баварците веќе го контактирале Хорхе Мендес кој го застапува Кансело и преговорите со Јувентус не би требало да бидат проблем знаејќи ги одличните односи помеѓу овие два клуба.

Целта на Јуве е за Кансело да добие 60 милиони евра и првакот на Италија нема намера да ја спушти цената.

Останува да се види дали во наредните денови контраофанзива од Граѓаните бидејќи овој 25-годишен играч е голема желба на Пеп Гвардиола.

Кансело во Торино пристигна претходното лето, зад себе има добра сезона, посебно кога во прашање е играта во нападот, нешто што посебно го почитува Маурицио Сари кој веројатно ќе бара да остане во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Покетино бесен: ВАР штети на имиџот на англискиот фудбал!

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нару…