Дома Трансфер зона Изненадување: Арсенал испратил официјална понуда за Иван Перишиќ!

Изненадување: Арсенал испратил официјална понуда за Иван Перишиќ!

Веќе подолго време се пишува дека Иван Перишиќ има желба да го напушти Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватскиот репрезентативец е една од темите за која сигурно ќе се пишува во последните денови од преодниот рок.

Денес новинарот на „Би-Би-Си“, Дејвид Орнстеин објави на својот Твитер профил дека Арсенал испратил официјална понуда за услугите на Иван Перишиќ.

Орнсетин пишува дека Арсенал испратил понуда за Перишиќ за позајмица до крајот на сезоната и откуп на лето за сума од околу 40 милиони евра. Интер не би требало да има ништо против бидејќи отприлика толку бараа за услугите на Хрватот.

На тој начин би се остварила желбата на Перишиќ да заигра во Премиер лигата.

Интер не е задоволен од учинокот на Перишиќ кој оваа сезона е очаен. На 18 натпревари Перишиќ постигна само три погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…