Денес беше одржана ждрепката за четвртфиналните двојки во Купот на Македонија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Академија Пандев која го брани трофејот ќе игра против Шкупи, додека Шкендија ќе игра против Работнички кој сезонава игра под сите очекувања во првенството.
Второлигашите Брегалница и Лабуништа ќе играат меѓусебе и самото по себе тоа значи дека во полуфиналето место ќе има и за еден клуб од втора лига. Во последниот пар ќе се сретнат Струга и Ренова.
Првите натпревари се играат на 4-ти декември, а реваншите се закажани за 4-ти март.
Двојки:
Струга – Ренова
Брегалница – Лабуништа
Шкендија – Работнички
Шкупи – Академија Пандев