Откако завршија реваншите во осминафиналето од Лигата на шампионите, денес во Нион беа извлечени паровите за четвртфиналето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јувентус, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Ливепрул, Порто, Ајакс и Барселона изборија место помеѓу осумте најдобри, а денес дознаа кој со кој ќе игра во четвртфиналето.
Интересно е што за прв пат на една ждребка во Лигата на шампионите одредени се и потенцијалните парови за наредната фаза (полуфиналето). Досега пракса во најелитното европско натпреварување беше да се влече ждрепка за секоја фаза посебно.
Спектаклот сигурно нема да изостане.
ПАРОВИТЕ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕТО:
Ајакс – Јувентус
Ливерпул – Порто
Toтенхем – Манчестер Сити
Манчестер Јунајтед – Барселона
Како што кажавме извлечни се и паровите за полуфиналето, па така победникот од првиот пар (Ајакс – Јувентус) ќе игра против победникот од третиот пар (Тотенхем – Манчестер Сити), доека Ливерпу – Порто и Барселона – Манчестер Јунајтед ќе вкрстуваат во второто полуфинале.