Дома Фудбал Лига на шампиони Избран судијата за финалето во Лигата на шампионите

Избран судијата за финалето во Лигата на шампионите

Во големото финале од Лигата на шампионите која оваа година во завршницата се играше во едни поинакви околности силите ќе ги одмерат Баерн и ПСЖ.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


УЕФА одлучи правдата во финалето да ја делат судии од Италија. За главен арбитар е избран Даниеле Орсато, еден од најдобрите судии на денешницата.

На Орсато ќе му асистираат Лоренцо Манганели и Алесандро Гиатини, додека за четврт судија е избран Романецот Овидиу Хатенген.

Во ВАР собата ќе бидат двајца Италијанци, Масимо Ирати и Марко Гвида.

Натпреварот помеѓу Баерн и ПСЖ се игра во недела со почеток од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Поранешен НБА-кошаркар планира да ја признае вината во големата афера за обложување?

Бившиот НБА кошаркар Дејмон Џонс треба да ја признае вината по обвиненијата дека учествува…