Дома Топ вести Идеја на Раиола: Донарума замена на Буфон?

Идеја на Раиола: Донарума замена на Буфон?

Доколку Ареола се пресели во Рома како замена за Алисон, ова и не изгледа така нереално.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Милан поминува низ тешки денови и навивачите овие денови слушнаат само лоши вести, во морето негативни единствена позитивна беше само заминувањето на кинеските инвеститори, но поради нивното катастрофално работење на Милан ќе му биде тешко да се извлече.

Скоро извесно е дека „росонерите“ ќе мораат да ги продадат најдобрите и највредните играчи, бидејќи долговите ја надминаа границата. Поради тоа и не чуди што капитенот на Леонардо Бонучи веќе разговарал со Пари Сен Жермен и наводно овој трансфер е блиску до реализација за сума помеѓу 30 и 40 милиони евра.

Но, заедно со него во Париз би можел да тргне и вториот највреден играч на Милан, Џанлуиџи Донарума. Не е прв пат оваа опција да се споменува, а сега повторно е активирана.

Италијански „Скај“ тврди дека се зависи од исходот на преговорите помеѓу ПСЖ и Рома за Алисон, на кого агент му е исто така Раиола. Доколку младиот голман премине во редовите на „волчицата“, за што клубот ќе мора да му плати голема провизција на Раиола, суперагентот ќе се обиде да издејствува најталентираниот голман на денешницата да стане прва замена на легендарниот Џанлуиџи Буфон.

Од оваа преспектива изгледа како невозможна мисија, пред се бидејќи Донарума израсна во одличен прв голман и сигурно не би сакал да биде резервна опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…