Бразилецот, Паулињо кој го носеше дресот на Барселона и Тотенхем одлучи да стави крај на фудбалската кариера.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Паулињо кариерата ја завршува на 36 години како фудбалер на Коринтијас.
„Зад себе оставив големо фудбалско наследство. Последниот натпревар со Коринтијас пред 45.000 гледачи ќе биде мојот последен во кариерата, верувам дека нема подобар начин да се повлечам“, изјави Паулињо.
Паулињо во кариерата настапуваше за повеќе клубови меѓу кои Барселона и Тотенхем, а од 2011 до 2018 година беше репрезентативец на Бразил за кој собра 58 настапи.