Гонзало Игуаин пред два дена стана официјално играч на Челзи, а вчера се пофали и со фотографии од неговиот прв тренинг.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Игуаин објави фотографија, но веројатно не очекуваше дека ќе има „фаќање сеир“ од страна на неговите поранешни соиграчи од Милан.
Како што е познато Игуаин во фудбалскиот свет има прекар „дебелко“, па Сусо и Хозе Маури ја искористија таа ситуација.
„Немаше ли поголем број опрема?“, искоментира Сусо.
На овој негов коментар се надоврза Хозе Маури.
„Тие цел буџет го потрошија на него, а немаат поголем број од XXЛ“, е коментарот на Маури.
